Два италијански гиганти заинтересиран за Хамес Родригез!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Баерн Минхен, Хамес Родригез, наскоро би можел да ја напушти Германија, откако не му се допаѓа како настапува екипата под водство на новиот тренер Нико Ковач.

Колумбиецот не е стандарден во редовите на Баварците, па често влегува од клупата за резерви, а многумина зборуваат за негово заминување.

Родригез има уште една година од договорот со Баерн Минхен, каде што игра на позајмица од Реал Мадрид, но постои сомнеж дека наредната сезона ќе биде во еден од тие два клуба.

Неговиот менаџер Хорхе Мендеш бара нов клуб за Колумбиецот, а заинтересирани за неговите услуги се два италијански гиганти, односно Наполи и Јувентус.

Тренерот на екипата од Неапол, Карло Анчелоти има добар однос со Хамес, како и со Мендеш, па не е чудно тоа што Наполи се поврзува со овој фудбалер, нешто слично како и Јувентус.