Инфантино: Катар прв предизвик за учеството на 48 репрезентации?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проширувањето на СП во фудбал од 32 на 48 репрезентации би можело да се случи наместо во планирата 2026. веќе во 2022. година, истакна Џани Инфантино, претседателот на Меѓунардоната фудбалска асоцијација.

Доколку биде донесена одлука за зголемување на бројот на репрезентации веќе од 2022. година, тогаш Катар домаќинството би можел да го подели со некоја од земјите од регионот.

Одлуката гласеше дека СП 2026. година кога домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада, да се прошири на 48 репрезентации, а Инфантино размислува тоа да се направи четири години порано.

Разговараме со пријателите од Катар

„Ако тоа биде возможно, зошто да не“, истакна Инфантино и додаде:

„Мораме да видиме дали е можно тоа да се изведе. Разговараме со нашите пријатели од Катар, разговараме и со многу други пријатели во регионот и се надеваме дека тоа би можело да се случи. Ако не, барем ќе се обидеме, бидејќи секогаш мораме да се трудиме да ги правиме работите на подобар начин“.

Говорејќи на отворањето на новото седиште на Азиската фудбалска конфедерација во Куала Лумпур, Инфантино го потврди и планот да го зголеми бројот на учесници на Клупското светско првенство.