Кавани заигра со дете кое нема нога: Ова е најемотивното искуство во мојот живот… (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едисон Кавани е фраер, како на теренот, така и надвор од него. Знаеме сите за каков голгетер станува збор, Уругваецот на ПСЖ ги соборува мрежите низ Европа веќе со години, а сега на Твитер објави видео кое, како што вели е нешто навистина посебно.

Во централен план се топката, дете со инвалидитет и Едисон.

Играат и се дофрлуваат со топката, а младото момче, дури и без нога, успешно му враќа што го воодушеви славниот напаѓач.

„Денес 31. октормври го доживеав едно од најемоционалните и најнецеројатни искуства во мојот живот. Тоа е силата на волјата“, порача Кавани.