Не изгледа добро: Вестбрук се повреди против Њу Орлеанс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар на Оклахома, Расел Вестбрук се повреди на натпреварот против Њу Орлеанс одигран синоќа.

Во средината на третата четвртина, Вестбрук незгодно скокна и го искриви зглобот на левата нога, па веднаш мораше да го напушти теренот.

Тој не се врати во игра по повредата, а Оклахома успеа да забележи победа со 122-116.

До моментот кога ја здоби повредата, Вестбрук беше на прагот на трипл-дабл бидејќи имаше 17 поени, девет асистенции и седум скокови за 25 минути игра на теренот.

За сега не е позната тежината на неговата повреда, но судејќи според видеото, не изгледа баш добро.