Џејмс пред Чембрлен на вечната листа на стрелци во НБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леброн Џејмс синоќа во фантастична партија со 44 поени туку речи сам го сруши Портланд. Освен што понуди одлична игра, тој успеа да се пробие на петтото место на листата на најголеми стрелци на НБА оставјќи го зад себе големиот Вилт Чемберлен..

Леброн засега во кариерата има постигнато 31.381 поен за кои му требаа 1 157 натпревари. Пред него на вечната листа се Мајкл Џордан со 32.292 коша на 1072 натпревари, Коби Брајант со 33.643 погодоци на 1346 натпревар,и и на првото место е Карим Абдул Џабар со 38.387 поени на 1560 натпревари.

Леброн Џејмс е единствениот кој во догледно време има шанси да го претекне Џабар бидејќи на неговата кариера сеуште не и се гледа крајот, а со вложувањето во своето тело и заработаката од милион долари годишно прави за изгледите дека ќе го гледаме уште неколку сезони во НБА лигата да се се поверојатни.

Од активните кошаркари во Топ 10 се уште Дирк Новицки чија кариера е на крај. Големиот Германец има постигнато 31.187 поени за време на кариерата, а во топ 20 се наоѓа уште еден активен кошаркар, Кармело Антони кој е на 19 место со 25.551 поен.