Венгер си ја отвори душата: Ова ми станува досадно…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсен Венгер од завршувањето на минатата сезона е слободен тренер и моментално е без ангажман.

По 22 години минати на клупата на Арсенал, Венгер летово ја заврши својата кариера на „Емирати“ и одлучи да земе мал одмор. Меѓутоа, изгледа дека овој начин на живот малку му здосади, бидејќи така звучеше во последното интервју.

„Воопшто не се чувствувам како да сум во пензија, но ова веќе малку ме фрустрира и ми здосадува. Јас сум натпреварувач по природа, таков човек сум и ми недостасува тоа во животот сега. Морам да признаам дека добив желба повторно да работам“, искрен беше Венгер, кој потоа додаде:

„Секако, не ми недостасуваат баш сите работи кои ги носи фудбалот, бидејчи ми е убаво без оној притисок со кој долго се носев. Но, не сум го завршил своето. Луѓето обично бе отпишуваат кога ќе дојдете во некои зрели години, но ќе продолжам се додека имам апетит за животот и фудбалот“.

Арсен вВенгер, чија тренерска кариера трае преку 35 години, додаде дека воопшто немал никаков контакт со Милан, иако неодамна многу се шпекулираше за тоа дека би можел да го преземе италинаскиот гигант.