„АС“: Скаути на Реал Мадрид следат босански фудбалер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скаутите на Реал Мадрид се редовни гости на натпреварите на репрезентацијата на Шпанија, па така ќе биде и во недела во Лас Палмас кога ќе гостува Босна и Херцеговина, а тие ќе го следат Един Џеко.

„АС“ пишува дека „кралевите“ посебно внимание ќе посветат на Босанецот, кој одамна игра во фантастична форма, а исто така ќе биде голема закана кон голот на Шпанија.

Реал веќе некое време бара нов напаѓач, а претходно размислуваа за Паласиос, како и Радамел Фалкао, но сепак уште не е донесена конечна одлука.

Инаку, Џеко со трансфер во Реал се поврзуваше и во минатото, но тогаш „кралевите“ го бараа за краток период, односно да игра како поддршка за Карим Бензема.

Во недела скаутите ќе следат неколку фудбалери, меѓу кои ќе бида и дефанзивецот на Еспањол, Марио Ермосо.