Погледнете ја монструозната блокада на Лука Дончиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Феноменалниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ одигра уште еден натпревар за паметење во дресот на Далас.

Иако неговиот тим беше поразен од Мемфис со 98-88, овој натпревар Дончиќ ќе го памети по тоа што првпат во НБА кариерата оствари дабл-дабл учинок со 15 поени и десет скокови.

Покрај тоа, Дончиќ се истакна и со една монструозна блокада во втората четвртина кога на одличен начин го запре Маршон Брукс.

Блокадата на Дончиќ овозможи брз проток на топката на другата страна на теренот, каде ДеАндре Џордан поентираше во контранапад.