Челси и кажа одлучно „НЕ“ на Барселона за Кристенсен…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона се обидува да најде замена за повредениот стопер Самуел Умтити. Една од метите беше и дефанзивецот на Челси, Андреас Кристенсен.

Шпанскиот шампион е во проблем бидејќи од стартот на сезоната имаат доста повреди на играчи од задните линија, па сакаа во јануари да донесат засилување.

Изборот падна на Кристенсен, испратија понуда до Челси, но клубот од „Стемфорд Бриџ“ беше одлучен против одрекувањето од услугите на 22-годишниот дефанзивец во зимскиот преоден рок.

Со оглед на тоа дека Умтити најверојатно ќе мора да направи операција на коленото, на „Камп Ноу“ мораат итно да пронајдат соодветна замена, но тоа сепак нема да биде фудбалерот од Данска, без оглед што Маурисио Сари не му укажува често шанса на Кристенсен.

Кристенсен оваа сезона не одигра ниту минута во Премиер лигата. Забележа пет настапи во Лига Европа и два во Лига Купот.