Солари му одговори на Роналдо по изјавата дека Јувентус е поголемо семејство од Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо беше критикуван од „кралевите“ по изјавата дека Јувентус е поголемо семејство од Реал Мадрид, чиј дрес го носеше девет сезони.

Роналдо го напушти Реал Мадрид летоска на изненадување на многумина и реши да потпише за Јувентус. Португалецот многу брзо се вклопи во новиот тим и сега е еден од најважните фудбалери на „Старата дама“.

Роналдо ужива во Торино, а тоа најдобро го покажува неговата изјава дека Јувентус е поголемо семејство од Реал Мадрид.

Тоа не беше прифатено кај навивачите на „кралевите“, кои до пред неколку месеци го креваа Роналдо во небо. По целата драма се огласи и тренерот на Реал, Сантијаго Солари.

„Скромноста е нешто што врвните фудбалери мора да го имаат, а ние во Реал Мадрид сме фантастична и скромна екипа. Кога ќе ги земете сите сегменти во светот на фудбалот, кој ја прави екипата, тогаш ние сме врвен тим. Кристијано секогаш ќе биде дел од клубот во кој испиша историја. Не е наше да судиме како се чувствува, па тој има право да каже што сака“, порача Солари.