Хамес потврди дека ќе се врати во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Баерн Минхен, Хамес Родригез е одлучен да се врати во Реал Мадрид, а тоа го потврди и самиот играч.

Колумбискиот фудбалер одлучи да го напушти Баерн Минхен откако не добива многу шанса од Нико Ковач, а „Спорт“ пренесува дека Хамес на германски новинар му открил дека сака да се врати во Реал Мадрид.

„Одам во Реал, дефинитивно ќе се вратам во Мадрид“-истакнал 27 годишниот фудбалер.

Хамес ја одработува втората година од позајмицата во Баерн Минхен и како што стојат работите повеќе нема да го носи дресот со баварскиот грб.