Жозе Мурињо со коментар по соопштението на Мендеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Жозе Мурињо, Жорге Мендеш пред неколку дена објави соопштение со кое ги негираше шпекулациите кои го поврзуваа португалскиот стратег со заминување од клубот.

Мурињо беше запрашан што мисли за соопштението и дали бил консултиран пред Мендеш и неговата агенција да го објават истото.

„Немам што да правам со соопштението. Тоа е само соопштение и тоа не мое соопштение“- кратко одговори Мурињо а потоа беше запрашан дали знаел дека Мендеш ќе го објави.

„Не, не знаев. Му кажав дека воопшто не се грижам за тоа“- заврши Жозе Мурињо.