Модриќ со новогодишна честитка: Најдобрите работи не доаѓаа лесно! (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ тешко ќе ги надмине резултатите кои ги имаше во 2018 година, која можеби беше и најдобра во неговата кариера.

Модриќ со Реал стана третпат по ред шампион на Европа, додека со репрезентацијата на Хрватска играше финале на Светското првенство и освои сребро.

На индивидуално ниво никогаш не бил поуспешен бидејќи ја доби наградата за најдобар фудбалер во годината и ја прекина доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Иако многумина велат дека тоа не е чесно, сепак Модриќ годината ја заврши со новогодишна честитка.

Модриќ се сликаше со своите трофеи кои ги остави и очигледно на луѓето кои го мразат сакаше да им ја затвори устата, а дефинитивно му успеа со оваа фотографија.

„Каква година. Најдобрите работи никогаш не доаѓаат лесно!“, напиша Модриќ.