Кетрин добива помош: Роналдо бил голем лажго и психопат, а признал и дека има психички проблеми!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо минатата година се соочи со многу турбуленции. Португалецот направи трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, но притоа се соочи и со обвинувања за  засилување од страна на американската студентка Кетрин Мајорга.

Силувањето се случило во 2009 година во Лас Вегас, а иако Роналдо платил 300.000 фунти за да молчи. Сепак, поради тешките последици кои ги има и денес, таа реши да ја откри приказната пред светската јавност.

Додека судските органи се занимаваат со случајот, многумина застанаа во одбрана на Роналдо, меѓу кои и неговите поранешни девојки, кои го опишаа како џентлмен. Но, така не смета и Јасмин Ленар, која имаше љубовна врска со Португалецот пред една деценија.

„Никој навистина не го познава каков е. Ужасно е колку луѓе се потпираат само на еден дел од неговиот карактер. По долго размислување решив да ја побарам Кетрин и нејзините адвокати за да им помогнам. Не можам повеќе да ги слушам лагите. Имам снимки, кои ќе бидат од голема важност за тимот на Кетрин. Имам илјада пораки од него. Тие со сексуална содржина апсолутно се совпаѓаат со тие на Кетрин. Ми призна дека има психички проблеми. Тој е брутален лажго и психопат“, напиша Јасмин на Твитер.