Биелса има генијален план за Лидс: Алиоски добива соиграч од Реал Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидс јунајтед сезонава игра прекрасно и се наоѓа на праг да се врати конечно во англиската Премиерлига.

Лидс во минатото беше клуб, кој играше во Премиерлигата, но по испаѓањето не успеаа да се вратат. Меѓутоа, оваа сезона Марсело Биелса направи екипа за лов на место кое носи токму таму.

Англискиот клуб во јануари ќе се засили за да го одржи првото место во Чемпионшип-лигата, а се шпекулира дека Биелса сака засилување од Реал Мадрид.

Наводно, резервниот голман на „кралевите“, Кико Касилја кој не играше премногу во Мадрид, би можел да се пресели во Англија, зашто сака да го напушти клубот.

Касилја ја почна кариерата во Реал Мадрид, но никогаш не доби вистинска шанса во клубот, а бранеше уште за Еспањол, Кадиз и Картагена.