Болт трчаше последен пат на ОИ и влезе во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа беше последен настап на Усеин Болт на Олимписките игри било кога, успеа да го земе и третото злато во Рио.

Пекинг 2008 – злато на 100 метри, злато на 200 метри, злато на 4 х 100 метри.

Лондон 2012 – злато на 100 метри, злато на 200 метри, злато на 4 х 100 метри.

Рио 2016 – злато на 100 метри, злато на 200 метри, злато на 4 х 100 метри.

Усеин Болт влезе во историјата на атлетиката како атлетичар кој три пати по ред успеваше да освои златни медали во споменатите три дисциплини, а последниот го зеде денеска после штафетата 4х100.

Ова беше деветти златен медал за Усеин Болт на Ои и така се израмни со Карл Луис кој има истотолку. Сепак, Болт остана запишан во историјата како најдобар спринтер на сите времиња.

Јамајкчаните беа апсолутни фаворити пред оваа трка, Асафа Пауел, Јохан Блејк, Никел Ашмеиди и Усеин Болт денеска истрчаа за 37:27 што беше доволно за злато!

Второто место припадна на Јапонците, а третото на Американците.