Аргентина ќе ја повлече „десетката“ кога ќе замине Меси во пензија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентина на крајот на 2022 година го освои Мундијалот во Катар, па сега во медиумите се шпекулира дека планот е да се повлече „десетката“ кога Лионел Меси ќе замине во пензија.

Првиот човек на аргентинската федерација, Клаудио Тапија објавил дека ќе се повлече бројката која во минатото ја носеше Диего Марадона, по што таа му припадна на Меси.

„Кога Меси ќе се пензионира, ќе ја повлечеме ‘десетката’ од националниот тим и никој нема да ја носи по него. Мислам дека Меси заслужува такво нешто“, кажа Тапија.

Аргентинците се надеваат дека Меси и по Мундијалот во Катар ќе продолжи да настапува за националниот тим.