Аргентинец го потврди интересот на Реал и Валенсија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските гиганти се борат за фудбалерот на Расинг, ќе видиме кој на крајот ќе успее да дојде до него.

Младиот 18-годишен фудбалер на Расинг, Лаутаро Мартинез, истакна дека постои интерес од Реал Мадрид и Валенсија за него.

Тој рече дека за Реал 8 милиони е премногу за да платат за него, но се надева дека прво може да дојде на позајмица.

„Точно е дека добив понуда од Реал Мадрид за позајмица со опција да ме откупат на крајот на сезоната.

Сепак, мојата откупна клаузула е висока, околу 8 милиони евра. Ако навистина ме сакаат, ќе мораат да ја платат таа сума бидејќи Расинг нема да прифати помала“, рече тој.

„Често сум во контакт со претседателот на клубот и знам дека тренерот смета на мене во оваа сезона“, заврши ова момче.

Покрај ова, тој додаде дека на медиумите дека Валенсија се интересираше за неговите услуги на крајот на претходната сезона и дека преговарала со уште двајца фудбалери на Расинг.