Арнаутовиќ се обидел да избега од Кина поради коронавирусот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Арнаутовиќ се обидел на сите начини да ја напушти Кина. Тој претходно успеа да договори трансфер од Вест хем во Шангај во јули, но Австриецот сега се предомислил.

Откако се појави епидемијата на коронавирусот, Арнаутовиќ се обидувал да се врати во Премиерлигата. Преговарал наводно со Вест хем, кој имал потреба од засилувања, но не се договориле на крајот.

Арнаутовиќ не успеа да добие дозвола да ја напушти Кина, зашто сите авиони биле приземјени. Марко дал девет голови во 15 натпревари во вториот дел од кинескиот шампионат.

Вест хем од друга страна ги очекува тешка битка за опстанок, зашто не се наоѓаат ниту на добра позиција во Премиерлигата.