Арсенал е спремен на се, само да се ослободи од Озил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Месут Озил оваа сезона речиси и да не игра во дресот на Арсенал, а скоро сигурно е дека во јануари ќе го напушти клубот.

Најмногу за неговите услуги е заинтересиран тимот на Фенербахче.

Проблем секако претставува големата плата која Озил ја зема во Арсенал, а таа изнесува околу 20 милиони евра по сезона.

Договорот на овој играч трае уште нешто повеќе од година дена, но од Арсенал се спремни да сносат одредени трошоци за неговата плата само за да замине на позајмица.

Сеуште се чека одлука на Озил, но неговот заминување е се поизгледно, а посебно бидејќи минутажата оваа сезона му е никаква.