Арсенал ќе остане со празни раце: Челси нуди 100 милиони евра за Мудрик!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо објави ексклузивна вест дека луѓе на Челси заминале во Полска каде што е екипата на Шахтер Доњецк за која игра Михајло Мудрик.

Мудрик е голема желба на Челси, иако Арсенал веќе некое време води преговори со неговиот тим и не може да се договори за трансфер.

Арсенал ги договори условите со Мудрик, меѓутоа не може да се договори со Шахтер кој бара 100 милиони евра, додека „топчиите“ нудат 70 милиони плус 25 во бонуси.

Челси планира да испрати понуда од 100 милиони евра за Мудрик, по што треба да преговара денеска и утре со фудбалерот за да ја знае конечната ситуација и неговата желба дали сака да го облече синиот дрес.