Арсенал остана без капитенот за мечот против Манчестер сити


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг нема да биде во конкуренција за натпреварот против Манчестер сити во Лига Купот.

Арсенал игра против Сити од 21 часот, а лондонскиот тим се наоѓа во ептен лоша форма затоа што игра ужасно во Премиерлигата и поблиску е до борбата за опстанок, отколку за позиции кои водат во Европа.

„Обамејанг се чувствува многу подобро отколку во претходните два дена. Повторно ќе го испратиме на медицински прегледи, па тогаш ќе знаеме кога ќе се врати на теренот“, кажа Артета.

Фудбалерот од Габон постигна пет голови сезонава, но тоа не беше доволно за да му донесе подобри резултати на Арсенал.