Арсенал останува без напаѓачи ова лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал наводно биле подготвени да го пуштат Алекасандер Лаказет да си оди од клубот ова лето.

Францускиот напаѓач е предмет на интерес на Атлетико Мадрид, а како што пишува „АС“ клубот од Шпанија би можел да го добие игрчот доколку испрати вистинска понуда за него.

Од друга страна, Пјер Емерик Обамејанг веројатно ќе си замине од клубот во потрага за подобар клуб пред да влезе во финалните години од својата кариера. Се шпекулира дека за Обамејанг се интересира другиот голем тим од Мадрид, Реал Мадрид кој сака да го ангажира во своите редови.

Доклку овие двајца си одат од Арсенал, на „Емирејтс“ ќе останат само младите Еди Нкетиа и Габриел Мартинели што е далеку од квалитетот кој му е потребен на клубот во борбата за врвот во Премиер лигата.