Арсенал понуди 60 милиони за стопер, но понудата беше веднаш одбиена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ова лето доведе тројца играчи, но сега сака дополнително да се засили во задната линија.

Нападот на Топџиите со доаѓањето на Николас Пепе од Лил стана посилен, а во средниот ред пристигна Дани Себалос од Реал Мадрид, а дојде и дефанзивецот Вилијам Салиба од Ст. Етјен.

Јасно е дека најслаба карика на Арсенал е задната линија и затоа Унаи Емери одлучи да го доведе штоперот од Лајпциг. Се работи за Дајот Упамеркано, 20-годишник кој имаше одлична сезона позади себе и кој е роден во Франција.

Како што јавува Билд, 60 милиони евра понудил Арсенал за овој фудбалер, но Германците ја одбиле оваа понуда

Упамеркано додје на почетокот во 2017. година од Салзбург за 10 милиони, но Лајпциг не прифати ниту шест пати поголема сума.