Арсенал пред најголемото засилување на летото!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсенал е на чекор до доведување на капитенот на Њукасл јунајтед Бруно Гимараеш, откако двете страни постигнаа начелен договор околу трансферот.

Според информациите од Англија, останува да се завршат формалностите, додека бразилскиот репрезентативец се наоѓа со тимот на Њукасл на подготовки во шпанска Ла Манга и чека дозвола од клубот да отпатува за Лондон.

„Топчиите“ веќе организираат медицински прегледи за 28-годишниот играч од средината, кои би требало да се извршат во текот на оваа недела.

Иако официјалната вредност на трансферот сè уште не е потврдена, британските медиуми наведуваат дека договорот може да достигне дури и 93 милиони евра.