Арсенал се засилува во Грција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на англиските медиуми Емери сака да додаде уште еден офанзивец во својот тим, а според шпекулациите на медиумите Емери сака да се засили со играчот на Олимпијакос Даниел Поденсе.

Дваесетгодишниот офанзивец имаше одлични настапи во Лигата на шампионите поготово против Тотенхем. Во Атина стигна минатата сезона за сума од седум милион евра, а се шпекулира дека Арсенал би требало да плати трипати повеќе пари за овој фудбалер.

Португалецот има уште четири години договор со грчкиот великан, а негов агент е познатиот Жорж Мендеш.