Артета во Арсенал носи фантастично засилување од Реал Мадрид


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот тренер Микел Артета и оваа сезона со Арсенал има одлични резултати и се бори за освојување на титулата во Премиерлигата.

„Топчиите“ се наоѓаат на добар пат кон титулата, иако имаат многу конкуренција, а тренерот Артета веќе размислува за нови засилувања.

Орелиен Чуамени е главна цел на управата од Лондон, но засега не е познато колку пари се подготвени да понудат за негов трансфер.

Постои опција да биде ангажиран и на позајмица со цел Чуамени да добие поголема минутажа, а потоа да се врати во Мадрид.