Артета во јануари купува играч кој беше трансфер цел на Венгер?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Микел Артета го превзема Арсенал и сега го очекува многу работа во клубот.

Топџиите се во голема криза и во последните десет натпревари запишаа само една победа поради која се наоѓаат на 11. место на таблета и заостануваат девет бодови позади Челзи кој се наоѓа на 4. место кое води во Лига на шампионите.

Новиот тренер на Арсенал знае дека му се потребни засилувања во јануари за да се обиде да осигура место во елитното натпреварување, а по пишувањата на ЕСПН, еден од играчите кои може да стигне во Лондон е Томас Лемар.

Играчот на Атлетико Мадрид нема сезона за паметење и покрај тоа што одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, само на една одигра 90 минути, а уште не постигнал ни еден гол.

Лемар е лево крило, а во Атлетико стигна минатото лето за дури 70 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Пред да стигне во Мадрид, 24-годишниот Французин беше главна мета на Арсен Венгер додека уште го водеше лондонскиот клуб.

Арсенал не е единствен заинтересиран за Лемар со оглед дека го посакува и Лион во своите редови.