Артета знае што му треба: Французин го засилува Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал има огромни проблеми во одбраната, а тоа го покажа и на мечот против Тотенхем (1-2), кога дефанзивците направија неколку грешки, меѓу кои Давид Луиз и Шкодран Мустафи беа најлоши.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета знае што му треба во одбраната, па поради тоа сака да му понуди договор на Маланг Сар, кој е слободен фудбалер.

Младиот 21-годишен стопер е еден од најдобрите во неговата татковина, па Арсенал може да му понуди добра плата и минутажа, со што би го привлекла во својот состав.

Сар одигра повеќе од 100 натпревари во францускиот шампионат, па нема сомнеж дека ќе биде големо засилување за Арсенал.