„АС“ откри како ќе би изгледал новиот Челси ако го купат моќното напаѓачко трио (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рускиот милијардер Роман Абрамович го продаде Челси на Тод Боели, па почна ремонтот на екипата, а наскоро се очекуваат и засилувања.

Во претходните денови Челси се поврзуваше со некои неверојатни фудбалери, па доколку се реализираат трансферите, тогаш екипата од Лондон ќе изгледа непобедливо.

Шпански „АС“ објави дека одбраната треба да ја засили Матијас де Лихт, а во нападот се очекуваат Рахим Стерлинг, Осман Дембеле и Кристијано Роналдо, иако тоа делува речиси невозможно.

Томас Тухел сака следната сезона да ги нападне сите трофеи, па со овие засилувања би добил одлична екипа.