„АС“: Реал Мадрид враќа дефанзивец од позајмица и му дава место во првиот тим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот дефанзивец Рафа Марин кој е на позајмица во Депортиво Алавес ќе се врати во Реал Мадрид и наводно ќе добие шанса во првиот тим на „кралевите“.

Марин има импресивни резултати за Алавес и тоа било забележано од управата на „кралскиот тим“ кој сака да ја освежи одбраната.

Младиот фудбалер оваа сезона има 28 настапи и би можел да заигра покрај Антонио Рудигер во одбраната на шпанскиот гигант, пишува „АС“.