Астон Мартин со подобрен болид ќе го „лови“ Ред Бул (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачите на Астон Мартин минатата сезона имаа добри резултати, па така искусниот шпански возач Фернандо Алонсо го освои четвртото место, додека Ленс Строл заврши на 10. позиција во генералниот пласман.

Астон Мартин оваа сезона сака да ја намали разликата зад шампионот во конструктори Ред Бул, па вчера го претстави новиот болид „АМР24“ со кој ќе го „ловат“ големиот ривал.

Британскиот тим соопшти дека ова е подобрена верзија на минатогодишниот болид и очекуваат да ја намалат негативата зад најдобриот тим во Формула 1.

„Ќе бидеме побрзи во однос на минатата сезона, но не знам дали тоа ќе биде доволно за да го загрозиме Ред Бул“, кажа Алонсо.