Астон Вила во јануари ќе се обиде да донесе фудбалер на Челси

„Скај Спортс“ пренесува дека Астон Вила би можела да го донесе Мичи Батсуаи од редовите на Челси.

Клубот од Бирмингем се интересира за напаѓачот на Челси кој не е прв избор на Френк Лампард и кој би можел да пристигне во Астон Вила како позајмен фудбалер.

Првиот напаѓач на Астон Вила, Весли, доживеа тешка повреда на коленото и ќе отсуствува од терените подолг период.

Истиот медиум пренесува дека Батсуаи не планира да си оди од Челси и ќе се бори до крај да добие поголема минутажа од Лампард.