Аталанта не се шегува, за Лигата на шампионите носи фудбалер од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата сезона беше одлична за тимот на Аталанта кој го освои третото место во Серија А и се пласираше во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Клубот од Бергамо ова лето го кроеше тимот со кој ќе настапи во најелитното европско натпреварување, а сега медиумите пренесуваат дека се заинтересирани за играч на Барселона.

Станува збор за бразилскиот интернационалец Рафиња Алкантара кој не е во плановите на Ернесто Валверде, а дека би бил големо засилување за Аталанта покажува фактот што одигра одлични шест месеци во Серија А пред повеќе од една година кога се пресели во Интер како позајмен фудбалер.

За 26 годишниот Бразилец има интерес и од тимот на Валенсија, но се верува дека Аталанта е во пол позиција во трката за неговиот потпис.