Аталанта објасни зошто Гомез нема да биде дел од тимот за мечот против Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека Папу Гомез нема да биде на списокот со играчи на Аталанта за дуелот против Рома.

Како причина се споменува неговото однесување на мечот против Јувентус, поради што набрзо ќе има состанок со управата на клубот.

Гомез на мечот против Јувентус беше на клупата, а шанса за игра доби во второто полувреме, но не се прослави и не се трудеше премногу на теренот.

Освен тоа, кога Аталанта постигна гол, сите играчи прославија, додека Гомез се прошета до центарот на игралиштето.

Исто така, камерите го снимија Гомез како ја пее химната на Јувентус, а тоа беше уште една причина Гасперини да го тргне од тимот.