Атлетико и Севиља спремни да ја измамат Барселона “пет до 12”?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако каталонскиот Мундо депортиво во неделата потврди дека Барселона го заврши трансферот на Кевин Гамеиро од Севиља, се појави информација дека Атлетико Мадрид ја расипа работата.

Имено, Барселона на мета има двајца напаѓачи – Гамеиро и Лучиано Вието од Атлетико, меѓутоа како што пишуват мадритскиот АС, сега тие двајца би можеле да си ги сменат местата, а Барселона да отпадне.

Севиља бара 40 милиони евра за Гамеиро, но Атлетико испрати примамлива понуда 30 милиони и премин на Вието во клубот од Андалузија, што би било и повеќе од одлична зделка за тимот на Сампаоли.

Гамеиро побара од клубот да ја прифати понудата или од Барселона или од Атлетико Мадрид, поради тоа не играше на пријателскиот натпревар и дополнително ги подгреа сомнежите.

Истовремено, каталонските медиуми пишуваат дека Барселона не се откажува и дека ќе се обиде да го убеди Атлетико да ја прифати понудата од 22 милиони евра за Вието.

Атлетико и Севиља би можеле да ги разменат напаѓачите, со тоа би биле задоволни и Симеоне и Сампаоли, додека Луис Енрике би бил нервозен, бидејќи го загуби и Нолито кој премина во Сити.

Во секој случај, ќе биде интересно во наредните сати или денови…