Атлетико Мадрид ја продолжи соработката со својата ѕвезда


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Уште една лоша вест за клубовите кои беа заинтересирани за Антоан Гризман.

Ѕвездата на Атлетико Мадрид денес потпиша нов договор со клубот од Висенте Калдерон.

„Сакаме да продолжиме да растиме како клуб, затоа е потребно во клубот да ги оставиме најдобрите фудбалери“, соопштија од Атлетико Мадрид.

„Многу, многу сум среќен што останав во Атлетико, ова за мене е фамилија, проектот е клубот да се подобрува од година во година што мене ми се допаѓа“, изјави Гризман.

Антоан Гризман потпиша нов договор до 2021-та година.