Атлетико Мадрид посакува фудбалер на Тотенхем

Од таборот на Атлетико Мадрид ќе сторат се за во своите редови да го донесат фудбалерот на Тотенхем, Кјеран Трипие.

Десниот бек на клубот од Лондон е голема желба на Манчестер Јунајтед, а за него се распрашувал и тимот на Наполи.

Сега, „Дејли Мејл“ пишува дека за Трипие се заинтересирал и клубот од главниот град на Шпанија кој во моментов на десната бековска позиција ги има ветеранот Хуанфран, и Сантијаго Ариас.