АТП ќе добие ново правило кое нема да им се допадне на Ѓоковиќ и Циципас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Необичното долги паузи во тоалетите или медицинските прекини во критичните моменти наскоро би можеле да станат минато во машкиот тенис.

„Ројтерс“ објави дека АТП планира да воведе построги правила поради тоа што се случуваше на Ју-Ес Опен со Стефанос Циципас.

Гркот беше често критикуван поради долгите паузи кои ги имаше додека одеше во тоалет.

„Ќе има построги и поригорозни правила кога станува збор за медицински прегледи на теренот и одењето во тоалет. Се надеваме дека ова ќе почне да важи од следната година“, соопштиле од АТП.

Прашина околу целата ситуација се крена најпрво по мечот меѓу Циципас и Мареј, кој беше нервозен зашто Гркот речиси осум минути го немаше на теренот.