Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Велс Крис Колман ја препушти улогата на фаворит на Португалија, но рече денеска дека неговата екипа максимално ќе се бори за пласман во финале на ЕП.
„Ние сме благи аутсајдери пред денешниот натпревар. Моите играчи го знаат квалитетот на противникот…Сепак, не треба да бидеме толку фини. Верувам во својот тим максимално, бидејќи кога излегуваат на терен тие не се фолираат, веќе излегуваат со голема желба да се борат за нашата држава. Таква е ситуацијата од почеток на квалификациите, а не само на ова првенство“, рече Колман.
Велс денеска во полуфиналето на ЕП ќе се сретне со Португалија, а Колман рече дека е најважно за неговата екипа да се држи до договорот од соблекувалната.
„Најважно е да го исполниме договорот. Мораме да се потпреме на нашите квалитети, иако нас тоа не ни гарантира добар резултат“, рече Колман.
Тој додаде дека го радува доброто расположение во екипата.
„Работата која најмногу ќе ме израдува во оваа недела е добрата атмосфера во тренинг кампот. Расположението е на високо ниво, а и играчите максимално се посветија за претстојниот натпревар…Прослава после Белгија немаше, одма тргнавме да го анализираме следниот противник. Ќе видиме каде тоа ќе не одведе“, рече Колман.
Селекторот на Велс за денешното полуфинале на континенталниот шампионат нема да може да смета на суспендираните Арон Ремзи и Бен Дејвис.
Полуфиналниот натпревар од ЕП меѓу Велс и Португалија се игра денеска од 21:00 часот во Лион.