Авантурата на Јовиќ во Мадрид е завршена: Познато е Реал на кого планира да му го продаде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Јовиќ се најде на голем удар на јавноста откако ја напушти домашната изолација и реши да се врати во Белград.

Јовиќ ја налути српската јавност затоа што не ги почитуваше правилата, па со девојката Софија Милошевиќ се шетал низ Белград.

Неговото однесување ги налути „кралевите“, па тие планираат да го продадат во следниот преоден рок.

„АС“ пишува дека Реал по само една сезона ќе се обиде да се ослободи од Србинот, а наводно веќе ги контактирале Челси и Тотенхем, кои покажале интерес за напаѓачот.

вЈовиќ минатото лето за 60 милиони евра стигна од Ајнтрахт Франкфурт, но не успеа да ги оправда очекувањата.