Австрија во неочекувани проблеми: Херман се повреди и ќе го пропушти ЕП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од противниците на Македонија, Австрија ќе игра ослабена на Европското првенство (ЕП) затоа што Александар Херман, кој игра на позицијата лев бек се повреди на тренингот на неговата репрезентација поради што ќе мора да го пропушти првенството.

Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ откри дека повредата на Херман е сериозна и дека нема да може да смета на неговите услуги на ЕП.

Австрија против Македонија ќе игра на 14 јануари, а претходно ќе се пресмета уште со Чешка и Украина во групата Б.