Австријците со господски потег по поразот од Ливерпул (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Салцбург на „Ред Бул Арената“ се обиде да го изненади Ливерпул и со победа имаше шанса да се пласира понатаму, но европскиот шампион на крајот излезе како победник со 2-0.

Ливерпул со погодоците на Кеита и Салах го обезбедија третото учество по ред во нокаут-фазата за тимот на Јирген Клоп.

Салцбург имаше свои шанси, па беше рамноправен во првите 45 минути, но на крајот мораше да му честита на подобриот.

На крајот на мечот, Салцбург му честиташе јавно на Ливерпул и му посака среќа во нокаут-фазата. Секако, Ливерпул ќе се обиде да ја обрани титулата, која што ја освои минатата сезона.