Азар ги „исплаши“ навивачите на Реал Мадрид: Мора да бидеме свесни за крајот на кариерата…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар никако да ја пронајде вистинската форма во дресот на Реал Мадрид, иако пристигна како огромно засилување од редовите на Челси.

Белгиецот пропушти многу натпревари поради проблемите со повреди, а на почетокот на годината пак се повреди и ќе пропушти уште неколку меча.

Азар сега зборуваше за медиумите и даде изјава во која насока се движи неговата кариера.

„Ќе се обидам да играм фудбал што е можно подолго. Во некои ситуации не може да дадете точни прогнози. Тешко е да се вратите по повреда, но мислам дека можам да понудам уште многу, сепак мораме да бидеме свесни за моментот кога ќе ја завршуваме кариерата“, вели Азар.