Азар ги замолче критичарите, па најави болна одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар размислува да се повлече од репрезентацијата на Белгија по завршување на Светското првенство (СП) во Катар на крајот на следната година.

Азар зборуваше и за неговата иднина во Реал, па кажа дека очекува добра сезона за него и за екипата.

„Луѓето постојано зборуваат дека се повредувам. Тоа е точно, но кога ќе ја пголеднат мојата кариера, не постои играч кој одигра повеќе од мене во последните 10 години“, вели Азар.

Белгиецот се потсети на 2019 година, кога потпиша петгодишен договор со Реал и кажа дека првите две сезони му биле лоши, но во следните три ќе покаже дека вреди.

„Го чекам моментот кога ќе ви покажам каков фудбалер сум јас. Реал потроши многу пари на мене, сакам да им се исплатам“, вели Азар.