Азар и Родриго го носат Реал Мадрид на чекор од нокаут-фазата во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид победи на тешкото гостување кај Интер со 2-0 и така дојде на чекор до пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампиони (ЛШ).

Еден Азар на стартот на натпреварот им донесе водство на гостите од 1-0 со удар од белата точка, додека Родриго во второто полувреме погоди за 2-0.

Реал Мадрид по четири одиграни меча се наоѓа на втората позиција со седум бодови, односно еден помалку од првопласираниот Борусија Менхенгладбах, а по нив следи Шахтјор со четири бодови и Интер само со два.