„Азар никогаш не беше професионалец, му даваат еден куп пари, а тој доаѓа дебел во клубот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден Азар веќе две години е член на Реал Мадрид, но не ги оправда милионите вложени во него. Шпанскиот тим го купи од Челси за 100 милиони евра, но Белгиецот не игра ниту блиску до нивото како во Лондон.

Белгиецот се соочи со голем број повреди, кои го запреа неговиот развој во дресот на „кралевите“. Тој имаше 11 повреди во само две сезони, а поранешниот фудбалер на Челси, Демиен Даф тврди дека тоа е поради неспортски живот.

Даф смета дека Азар никогаш не бил вистински професионалец и имаше остри критики кон фудбалерот на „кралевите“.

„Има 30 години, има самодоверба и свој дриблинг, но сите знаеме што следи по 30. година. Азар никогаш не беше врвен професионалец. Никогаш не тренираше како Меси или Роналдо. Ти даваат толку пари, а ти се појавуваш во Реал со вишок килограми“, вели бившиот играч на Челси.