Азар си „пресуди“: Реал Мадрид го продава Белгиецот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид сака да го продаде Еден Азар на лето, кој откако се пресели во шпанскиот тим имаше многу проблеми со повреди, па сега не настапува на очекуваното ниво.

„Кралевите“ ќе продадат неколку фудбалери, а еден од нив ќе биде и белгискиот репрезентативец, но Реал е свесен дека нема да може да заработи 100 милиони евра, колку што го купи.

Реал очекува понуди од другите тимови и подготвен е да ги сослуша. Во секој случај, многумина сметаат дека враќање во Англија за Азар ќе биде најдобро.

Азар има уште три години од договорот со „кралевите“, но јасно е дека нема да го одработи до крај.

Белгиецот минатата сезона одигра 22 меча за „кралевите“, додека сезонава настапи на 18, но не покажа ништо што би ги натерало Зинедин Зидан и Реал да го задржат.