Бабунски нема да одмара долго: Македонецот се сели во Полска!?

Полските медиуми објавија дека поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски би можел да направи трансфер во Полска, односно во екипата на Пјаст Гливице.

Полјаците пишуваат дека Бабунски е еден од најсериозните кандидати за потенцијални засилувања на Пјаст, откако тие не успеале да го купат Патрик Липски од Легија Гдањск.

Бабунски во текот на кариерата настапуваше за многу екипи, а беше и во Барселона Б, Јокохама Маринос, Црвена Звезда додека пред неколку недели му заврши договорот со Омија.