Бабунски со прекрасен гол ја почна авантурата во Данди (Видео)

Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски постигна прекрасен гол на дебито за Данди јунајтед.

Бабунски беше во првиот состав на Данди во дуелот против Еир во Лига Купот на Шкотска, а по 17 минути игра погоди од слободен удар.